Во недела во Штип ќе се одржи 29-та средба на генерации на ракометниот клуб Текстилец УГД

Во недела во Штип ќе се одржи 29-тата средба на генерации во организација на ракометниот клуб Текстилец УГД. Овој голем ракометен спектакл ќе се одржи во спортската сала на ООУ „Тошо Арсов“ во Штип со почеток од 10:30 часот.

На оваа традиционална манифестација на едно место ќе се соберат сите генерации, од најмлади до најстари, од ракометари кои во минатото настапувале за Текстилец УГД, до ракометари кои играле само рекреативно.

Ќе бидат опфатени сите генерации од најмладите пионери до највозрасни односно ветерани. Ова е настан каде што се будат спомени и емоции, средба која буди убави времиња од минатото, средба каде младите ракометари има што да научат од повозрасните, дружба и другарство кое трае со години од генерација до генерација, а годинава по 29-ти пат.

По завршувањето натпреварите предвидено е заедничка прослава која ќе започне во 13 часот, а ракометниот клуб Текстилец УГД продолжува да ја одржува оваа традиција.

Александар Ванев, М-Нет