Кирил Изов го објави списокот на повикани фудбалерки за репрезентацијата на Македонија до 19 години

ФОТО: ФФМ

Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 19 години, Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки кои се повикани за настапат на турнриот од елитните квалификации за пласман на Европското првенство.

Изов ќе може да смена на Ведрана Комненова, Александра Ристевска, Ангела Димчова, Кристина Крстева, Михаела Додевска, Ања Головска, Настасја Накова, Андреа Коловска, Емили Митковска, Канита Емини, Калина Попески, Илина Кировска, Тамара Нешковска, Вања Ристиќ, Искра Смилевска, Никица Трендова, Елена Симјонова, Теодора Настова, Ана Боризоска, Ангела Блажева

Турнирот ќе се одржи во периодот од 9 до 16 април во Шкотска, а покрај домаќинот настапуваат и селекциите на Норвешка и Австрија.

Македонија на 10 април ќе се соочи со Норвешка, два дена подоцна ќе играме со Шкотска, а пак на 16 април е мечот против Австрија.

Александар Ванев, М-Нет