
Кикбокс клубот Гладијатор Фајт од Штип продолжува со интензивни подготовки за настап на Балканското првенство, кое ќе се одржува во Нови Сад, Србија, во период од 29 до 31 мај годинава.
Гладијатор Фајт подготовките ги започна во Штип, а потоа во соработка со неколку другите кикбокс клубови беа реализирани заеднички тренинзи за добивање на потребната форма. Кикбоксерите на штипскиот клуб подготовките заеднички ги реализираа со кикбокс клубот Ронинг од Прилеп, Енерџи од Битола, Комбат од Радовиш, како и Тим Зоран од Струмица.
Подготовките на кикбокс клубот Гладијатор Фајт под водство на тренерот Шенол Асанов ќе финишираат во Штип. Од штипскиот клуб на Балканското првенство во Нови Сад ќе настапат Антонија Тасева и Јован Јанковски.
Александар Ванев, М-Нет