
Мала, но проверена и одлична екипа на кик боксери од Штип ќе се појават во спортската сала Борис Трајковски во Скопје. Тренерот Шенол Асанов по тешката и макотрпна пандемиска година ќе има можност своите докажани борци да ги тестира на Државното првенство за Кадети, Јуниори и Сениори во конкуренција на членови од сите македонски клубови. Боите на Гладијатор во Скопје ќе ги бранат следните кик – боксери:

Славче Арсов, Сениор во дисциплината Кик Лајт – 74 кг.

Никола Нацев, Јуниор во дисциплината Кик лајт +94 кг.

Јован Данилов, Кадет во дисциплината Кик лајт – 44 кг.
Тренерот Шенол Асанов знаејќи ги квалитетите на своите кик – боксери не е оптеретен со евентуалниот настап на своите надежи имајќи ја во предвид едногодишната пауза, но секој вреден успех ќе биде плод на макотрпната работа со овие прекрасни спортисти.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk