
Велешки Кеги Моби вечерва гостува во Штип каде како голем фаворит ќе бара три бодови противник повратникот Мал Ајакс, меч од 3. коло на Првата футсал лига.
Кеги Моби ја има фаворитската улога, кој сака три од три и максимален ефект на стартот од новата сезона, додека пак Мал Ајакс кој по неколку сезони се врати во Првата лига е на дното со два порази од толку натпревари и ќе се обиде да изненади за први бодови и прв позитивен резултат.
Кеги Моби претходно славеше убедливи со 4:8 над Балкан во гости, а пак дома го декласираше Осогово со 5:1. Што говори дека тимот од Велес има одличен напад, но и силна одбрана.
Астибо на првиот меч загуби тесно од Јувентус Серава на домашен терен со 2:3, што говори дека штипјани на домашен терен ќе се обидат да направат изненадување против фаворитот од Велес, а во второто коло Мал Ајакс загуби на гостувањето кај Балкан со 7:5.
Вечерашниот дуел на Мал Ајакс и Кеги Моби се игра во спортската сала на средното училиште „Коле Нехтенин“ во Штип со почеток од 20:45 часот, каде домаќинот ќе сака прво славје, а гостинот од Велес доаѓа подготвен за продолжува на победничката низа за три од три и максимален ефект.
Александар Ванев, М-Нет