Убедлива победа за Младост во Штип, Текстилец не можеше против непоразениот лидер од Богданци!

Ракометарите на Текстилец немаа сили за ново изненадување откако загубија на домашен терен во Штип од непоразениот лидер Младост од Богданци со високи и убедливи 22:35.

Натпреварот од 9. коло на Првата лига донесе нов триумф за тимот од Богданци за осум од осум, а пак штипјани имаат три порази и пет победи.

Само во првите моменти беше игра гол за гол, кога во 12. минута од натпреварот Младост дојде до плус три при 5:8, а потоа Текстилец стигна до 10:11 во 19. минута. Сепак на полувреме гостинот од Богданци замина со пренодст од плус 5 при 14:19.

Во второто полувреме разликата се зголемиуваше за Младост играше на рутина и стигна до победата од 22:35.

За домашниот тим најдобар стрелец беше Филип Џинес со сум погодоци, а пак за гостинот од Богданци најдобар стрелец беше Даниел Андоновски со 11 погодоци, воедно најдобар стрелец на мечот во Штип.

Во следното коло екипата на Текстилец ќе гостува кај Јехона, а пак Младост ќе игра дерби против Драчево Јуниор.

Овче Поле на гостински терен забележа триумф од 32:34 над Шампион, Аеродром дома загуби од Македонија ЃП со 22:25, додека пак Преспа немаше сили и загуби дома од Вардар Неготино со 19:25.

Драчево Јуниор го декласираше „фенерџијата“ Кичево со 52:21, а пак Јехона беше декласирана од Мулти Есенс со 24:44.

Александар Ванев, М-Нет