Кај осуденик во КПД Затвор Штип пронајдени прашкаста материја и таблетка

На 12.02.2022 во 16.20 часот од Казнено-поправен дом Штип било пријавено дека при преглед извршен од затворската полиција кај осуденикот Ш.Ј.(31) од Струмица се пронајдени и одземени прашкаста материја и таблетка. Полициски службеници извршиле службен разговор со лицето и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.