
На 13.02.2022 во 01.50 часот во Штип од полициски службеници од СВР Штип приведени се К.Ј.(20) од с.Стар Караорман, штипско и Б.М.(19) од Штип, затоа што кај К.Ј. се пронајдени дробилка и ќесе со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.