
Качамак со месо и чаша расолница и денес се подготвува дури се грејат граѓаните на шпорет на дрва. Иако често се смета за јадење од минатото, анкетата покажува дека навиката се уште опстојува. Најчесто се прави по стара рецепта, но дел од граѓаните велат дека наместо пченкарно брашно користат палента. Причината е практичноста, а не промена на вкусот. Традиционалниот оброк, велат, и натаму има свое место на трпезата.
Во Штип пченкарно брашно се среќава и по 60 денари за килограм. Михајло Атанасов од Кратово пченката ја меле на воденица на крива река.
,,Шеесет денари, го мелам на воденица, цената прикладна. Инаку се прави од пченка, не сточна, туку од онаа за јадење.”, рече Атанасов
Според повозрасните, качамакот се подготвува неколку часа. Пченкарното брашно се става на тивок оган да зоврие. На средината се прави мала празнина, а во истата малко сукало со кое се промешува истиот.
Иван Митев, М-Нет