
И дел од Општина Карбинци треба да биде опфатена со проектот за безбеден град, однонсо поставување камери кои ќе регистрираат сообраќајни прекршоци кои ги прават граѓаните. Градоначалникот, Викот Паунов, согласен дека камери треба да се постават на повеќе локации со цел граѓаните, пред се возачите да бидат внимателни и одговорни, но и безбедени. А, кога станува збор за безбедност патот во село Стар Караорман кој ги спојува општините Штип и Карбинци е црна точка во сообраќајот. За тоа реагираат и граѓаните, па повеќе од потребно е поставување на камери за регистрирање на прекршоци.
„Дел од нашата територија на Општина Карбинци ќе биде опфатена со системот на Сејф Сити. И ако ме искрено прашате мене како градоначалник, дали е добро, да сметам дека е добро затоа што секој еден наш сограѓанин најважно е прво да биде безбеден, да се чувствува безбедно и да се заштити. Треба да се почитуваат правилата, законите“ – вели Паунов.
Паунов дециден дека и во Карбинци се „дивее“ кога е во прашање возењето, а општината се наоѓа во првата група по сообраќајни несреќи и жртви од истите.
„Неодамна имаше еден настан поврзан со МВР, преку кој се покажаа бројки на општините како индикатори, какви несреќи и колку жртви се имало од сообраќајни несреќи. Јас се изненадив бидејќи Карбинци е во првата група со најмногу жртви по глава на жител“ – додава Паунов.
Камери за Сејф сити моментално функционираат во Скопје, Тетово и Куманово, а во втора фаза предвидено е да бидат поставени и во Штип.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет