
Кафето и газираните пијалаци НЕ се решение за низок притисок.
Ова го појаснува д-р Томица Наков од Итната медицинска помош во Штип. Според него, иако по народни верувања кафето „крева“, вистината е дека ефектот трае само неколку минути. Потоа телото реагира диуретички – го забрзува мокрењето и притисокот дури може да падне повеќе. За стабилизирање на низок притисок многу посигурно е умерено солена храна , супи, ајран, благо посолени оброци, наместо кафе кое прави нагли осцилации.
,,Газираните пијалоци и кафето, а посебно кафето кои што во народот се како приказна дека го зголемува притисоко, физиолошки и не е баш така. Точно притисокот се зголемува, но за кратко, а потоа кафето делува како среден диуретик, кој што те тера повеќе да мокреш, а од тоа доага до пад на притисокот. За да се нормализира тој притисок, ако е доста низок посигурната варијанта е конзумирање на средно солена храна. Од типот на супи, ајран, некоја минимално солена храна, која што би го подигнала притисокот, а без притоа да не доведе до нагло повторно да се спушти притисокот, како што е кај кафето.“, рече Наков
Во Итната медицинска помош предупредуваат и на уште една навика -лекувањето „по старо“. Сè повеќе граѓани се обидуваат да ги смируваат симптомите со лук, домашни рецепти и народна медицина.
,,Па сега имаме група на граѓани, кои што си се навикнати да се лекуваат по стар начин. Пример користење на лук за намалување на крвниот притисок, користење на народната медицина за ублажување на некој симптоми. Колку ова го поддржувам, толку и не, бидејќи сега во овој момент имаме активност на самиот грип, што може да предизвика доста потешки клиниочки слики. Добро е при појавата, да превземеш нешто сам,
Лекарите предупредуваат, и кафето и домашните рецепти имаат свои ограничувања. Во време на зголемен број случаи на грип и нестабилни симптоми, најважно е навреме да се побара стручна помош. Самолекувањето може да помогне краткорочно, но правилната медицинска процена е она што ја прави разликата меѓу компликација и навремено лекување.
Иван Митев, М-Нет