
Во длабоки дупки, подруми и пластеници што веќе се загреваат, земјоделците се подготвуваат за првите утрински минусни температури најавени од недела. Иако календарски зимата сè уште не започнала, работата на терен е забрзана. Секој производ бара различен третман за да преживее ненадеен студ. Земјоделците велат дека една студена ноќ е доволна за да направи штета, па затоа ги прашавме како го заштитуваат родот
,,Најиздржлив е морковот не се расипува и да го чувате пет години во дупка. Цвеклото мора да се изваде и се става во дупка. Под пластеници и оранжерии заштитени се и од долу и од горе.“, истакнаа земјоделци
,,Компирот го чуваме во подруми , темна просторија и така издржува и до минус, бидејќи е топло и не мрзне.“, велат други земјоделци
Јужното овошје не може долго да се чува, па земјоделците го набавуваат од седмица на седмица. Робата останува свежа и се користи за потрошувачка само за една недела
,,Останатите производи ги купуваме од седмица на седмица. Бидејќи имаме и јужно овошје ние не го чуваме и не можеме. Зимаме за потрошувачка за една недела. Таму ги чуват во хладници. Свежа е робата, се одржува.“, додаваат земјоделци
Подготвеноста е клучна, велат земјоделците, бидејќи првите студени утра можат да направат голема штета. Дупки, подруми и пластеници, сите методи се во игра за да се зачува родот. Секоја култура бара своја грижа, а трудот од целата година не смее да се загуби. И додека надвор температурите се уште се благи, на терен веќе се води вистинска битка со студот.
Иван Митев, М-Нет