
Исклучително пријатни и ведри вести ни пристигаат од Тампере, Финска каде што се одржува Европското Карате првенство за Кадети, Јуниори и Младинци У – 21. Според информацијата од Селекторот на македонската репрезентација Сашко Арсовски, штипјанецот Андреј Басаров вечерва ќе се бори за златен медал против преставник на Азербејџан. Во градот Тампере, се продолжува успешната македонска Карате приказна бидејќи токму тука Емил Павлов стана Европски шампион во 2014 годинса. Макотрпната работа на штипските тренери, браќата Сашко и Жарко Арсовски се исплати со овој успех а честитки и за Андреј Басаров и за неговите другари од карате клубот Штип, Љупче Михајлов и Бобан Џамѓозов кои се исто така во Тампере, кои ги „жртвуваа“своите одмори се со цел да бидат што подобро подготвени.Инаку Андреј Басаров настапува во конкуренција на Кадети во категорија + 70 кгр.
Драги Герасимов – Пушка