
Ниските температури ја зголемија гужвата на градскиот пазар во Штип овој петок и напладне. За разлика од претходните пазарни денови, сега граѓаните излегуваа да ги набават своите продукти не само наутро, бидејќи времето денес е свежо и погодно. За цените и купувачите и продавачите велат дека се слични како и минатиот петок.
„Компирите ги зедов 20, пиперот по 40, по 35.“
„Модриот патлиџан – 15 и 10, благиот пипер – 40, дињите – 20, бостанот – 10, тиквичките – 20 и 15.“
„За овој период од годината, сигурно, се стабилни и не се многу високи во однос на вчерашниот ден и од утринава што слушам од продавачите, од оние кои ја изложуваат стоката. Пиперот – 30 и 40, до 50, дињата – 20 денари, 25. Мислам, тоа оние кои се производители, а сега трговците колку ги продаваат тоа е прашање.“
Гужва имаше повеќе од вообичаено, но заради високиот стандард, а и временските услови пазарот веќе не ист како во годините наназад.
„Нема пазар, ептен слабо. Цените се нормални, минатиот петок не сум била. Важно нема, слаб пазар.“ѓ
„Има, ама толку е моќта. Толку е куповната моќ и толку е силен народот.“
Претходно, производителите посочија дека голем број фактори влијаат врз ситуацијата со земјоделството. Сега кога и купувачите се согласни, јасно е дека граѓаните се едногласни за успешноста на пазарните денови во Штип и околината годинава.
Ребека Спасова МНет