Караванот на ВМРО – ДПМНЕ Штип на средба со граѓаните од населба Автокоманда

Вечерниот термин на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата денес резервиран за средба со жителите на населба Автокоманда. Кандидатот за градоначалник на Штип, Иван Јорданов, ги истакна проблемите со кои се соочувале граѓаните во оваа населба и се обврза за максимално вложување во изнаоѓање решенија.

„Вечерва сме во населбата Автокоманда, којашто е апсолутно заборавена од моменталната локална власт. Многу ветуваа, ништо не направија. Оставија разрушени и раскопани улици, неосветлени, несанирани дефекти, руинирани детски и спортски игралишта. Тоа е реалната слика во населбата Автокоманда. Затоа сме овде, да поразговараме со нашите сограѓани, да ја вратиме надежта и да се обврзаме дека ова мора да биде минато. Ќе ја промениме оваа слика, ќе се вложиме, ќе реконструираме и со тоа сите заеднички ќе се гордееме“, потенцираше Јорданов.

Кандидатот за советник, Весна Ушинова, пак, додаде дека ваквите средби се од особено значење, а со нив се исполнува целта: да се презентира она што тие го нудат пред граѓаните.

Јорданов потенцираше дека она кон кое целат е населбата да добие нов лик и подобар живот за жителите.

Ребека Спасова МНет