Љупчо Георгиевски – Џими: – „Наскоро нова книга за подготовка на луѓето за стекнување на планински лиценци“

Друштвото за планинарски спортови „Лисец“ повеќе од 50 години битисува на овие простори вклучувајќи ги досега скоро половина штипјани низ неговите активности. Убавините на планинните со сите нејзини раскошни облици и маани најверно, најречито и најсликовито ги интерпретираат неговите членови преку издавањето на најразлични списанија, брошури и книги. Љупчо Георгиевски долгогодишен планинар, автор на повеќе книги кои претставуваат вистински планински учебници нагласува дека ДПС „Лисец“ постои од 1969 г. со повеќе свои секции кои со текот на времето обучиле, испраксирале и оформиле многубројни планински водичи кои едноставно барем Плачковица ја имаат на прсти.

Покрај спортските активности карактеристично е тоа што ДПС „Лисец“ води сметка за правилна едукација на своите членови. Книгата „ Прирачник за планинари водичи“ излезе на виделина во 1987 г. како единствен пишан документ за водичи од цела Македонија. Во текот на годините се организираа многубројни курсеви, обуки во најразличните секции со што едноставно планините беа на дофат ем на планинарите, ем на многубројните рекреативци. Авторската активност на „Џими“ продолжува и денес а наскоро на увид на јавноста и на радост на армијата планинари, тој подготвува нова книга за луѓето кои сакаат да се стекнат со лиценци со наслов „Планинарска школа“. Интересно и содржајно е мотото со кое се користи Љупчо Георгиевски раскажувајќи дека планинарството има свои специфики и содржини па така тој вели дека постојат три вида планинарства:

  1. Излетничко планинарство
  2. Планинарство во вистинска смисла на зборот
  3. Алпинизам

Секако детални информации сите заинтересирани љубители на планинарството ќе добијат откако ќе се изврши промоција на новата книга „Планинарска Школа“.

Ако се биде во ред со печатењето на книгата, промоцијата ќе се изврши на 11 октомври а за точниот термин и местото на одржување благовремено ќе информираме.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk