
Кошаркарскиот клуб Соколи од Штип продолжува да го гради составот за претстојната сезона, а важна вест за штипските „соколи“ е продолжувањето на соработката со капитенот Никола Караколев.
Искусниот кошаркар и лидер на екипата ќе остане дел од составот и во новата сезона, каде повторно ќе ја има улогата на предводник на тимот на теренот.
Караколев со своето искуство, лидерски дух и голема борбеност треба да биде еден од клучните играчи во новите предизвици кои го очекуваат штипскиот клуб. Од Соколи истакнуваат дека капитенот е максимално мотивиран и подготвен за сезоната во која тимот ќе се бори за секоја топка, секој поен и секоја победа до самиот крај.
„Капитенот останува, а со него и амбициите на Соколи!“ – порачуваат од клубот.
Во штипскиот клуб очекуваат голема поддршка и од трибините, со оглед на тоа што верната публика е препознатлива како нивниот „шести играч“.