Капитенот на Македонија, Филип Кузмановски и натаму најдобар стрелец на Светското првенство

Капитенот на ракометната репрезетнација на Македонија, Филип Кузмановски и натаму ги предводи најдобрите стрелци на Светското првенство кое се игра во Хрватска, Норвешка и Данска.

Нашиот капитен има постигнато 41 гол досега на шампионот, а вечерва ќе има можност секако против Франција оваа бројка да порасне на повеќе погодоци. Кузмановски овие 41 гол ги има постигнато од 58 обиди или статистички тоа е 71% на реализација.

Марзо од репрезентацијата на Катар и Тен Велде од репрезентацијата на Холандија имаат по 40 погодоци, со тоа што Марзо овие погодоци ги има постигнато од 72 шутеви, или статистички тоа е 56% успешна реализација, а кај Холанѓанецот Тен Велде овие 40 погодоци се од 50 обиди или 80% успешна реализација.

Секако бројките на погодоци ќе се менуваат, од натпревар во натпревар.

Александар Ванев, М-Нет