Капацитетите за ковид пациенти во Кочани и Штип речиси потполнети

Четири дена по отворањето на модуларната ковид болница во Штип, слободни се само 2 места за ковид пацинетите. Кочанската модуларна болница, неколку дена по ред е целосно потполнета. Бројот на новозаразени од Ковид 19, постојано расте има налив од пацинети согласни се надлежните и од Клиничка болница Штип и од Општата болница со проширена дејност Кочани. Во штипската клиничка болница хоспитализирани се 42 пацинети во модуларната болница и 53 на Инфективното одделение. Слободни овде има 5 кревети на Инфективното оделение, но нема можност за лекување на пациенти со средна и тешка клиничка слика, бидејќи нема можност за кислородна поддршка, истакна Шуманска. Директорот на Општата болница Кочани, Серафимов посочи дека во Кочани освен модуларната болница целосно потполнето е и Одделението за Физикална медицина кое стана ковид центар, и слободни се само 7 кревети на Инфективното одделение во Кочани.

Со податоците од Министерството за здравство, заклучно со тестирањата направенои во последното деноноќие,  во земјата се направени вкупно 641 573 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 134.867, бројката на оздравени пациенти е 109.297, на починати е 3.940, а бројот на активни случаи изнесува 21 630.

Лаура Стојанова М-Нет