Ако стигнат доволно вакцини, по 7000 граѓани ќе се вакцинираат дневно во салата „Борис Трајковски“

Денеска започна масовната вакцинација во салата Борис Трајковски во Скопје, каде треба да се вакцинираат околу 3 илјади граѓани кои имаат закажано со вакцината „Спутник В“ која пристигна како донација од Република Србија.  Имунизацијата опфаќа вработени од критичната инфраструктура, МВР, Армијата, новинари, служби во град Скопје, возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинки, вработени на патарините.

Во салата беше направена проба како ќе функционира и ќе се координира вакцинацијата – местата каде ќе се прави приемот на граѓаните, индивидуалниот преглед и вакцинирањето, пунктови каде ќе се издаваат потврди со термини за ревакцинација, местото за фижидерите за вакцините.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека во просек дневно ќе се вакцинираат околу 4 илјади граѓани, со тенденција кога во целост ќе проработи системот да се вакцинираат и по 7000 граѓани.  И секако откако ќе пристигнат доволно вакцини за да може тоа да се изведе. Инаку, деновиве се спроведува и вакцинацијата на граѓаните над 77 години, со вакцината „Астра Зенека“ во повеќе градови низ државата.

Лаура Стојанова М-Нет