По одигрувањето на 14 коло на Третата фудбалска лига – Исток дојде до промена на самиот врв на табелата откако тимот на Детонит во Радовиш славеше убедливо против Карбинци, додека дерби натпреварот во Свети Николе помеѓу Овче Поле и делчевска Брегалница заврши нерешено и без голови. Сега Детонит е прв со 35 освоени бодови и гол разлика од плус 35 голови а Брегалница има ист број на бодови, но гол разлика од плус 25 голови. Еве ги комплетните резултати од ова 14 коло:
- Василево – Чешиново 3:3
- Работник – Раклиш 0:2
- Тиверија – Спартмани 6:1
- Хоризонт – Малеш 2:0
- Детонит – Карбинци 4:0
- Овче Поле – Брегалница 0:0
Табела
- Детонит 35 43 : 8 +35 голови
- Брегалница 35 38: 13 + 25 голови
- Хоризонт 31
- Овче Поле 31
- Малеш 22
- Чешиноиво 18
- Спартмани 16
- Тиверија 16
- Раклиш 14
- Карбинци 13
- Работник 7
- Василево 4
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk
