Каменица Саса гостува кај дебитантот Вардар, Кочани на тешко гостување во Струга

ФОТО: Александар Ванев

В недела ќе се одиграат натпреварите од 13. коло на Првата женска фудбалска лига. Екипата на Каменица Саса како голем фаворит ќе гостува во Скопје кај дебитантот Вардар, кој ќе се надева на изненадување против „рударките“ во тешката борба која ја води Вардар за опстанок во елитата.

Кочани го очекува тешко гостување кај фаворитот Ас Јунајтед во Струга. Нивното прво меѓусебно соочување кое се одигра на Градскиот стадион во Кочани заврши без победник со четири погодоци за конечни 2:2 и делба на бодовите, па ќе се надева одново Кочани барем на бод.

Шампионот Љуботен како голем фаворит на домашен терен ќе игра против Топ Гол, додека пак Речица дома ќе има тешка задача против фаворитот Скопје, тим кој се обидува да го симне Љуботен од тронот бидејќи само еден бод е нивната разлика.

Дерби ќе се игра во скопско Пржино каде Истатов ќе го пречека тимот на Тиверија Брера, во соочување каде трите бодови се цел и за двете екипи.

Александар Ванев, М-Нет