Каменица Саса го промовираше Исмаил Бектеш како најново засилување

Второлигашот Каменица Саса во пролетната полусезона ќе води тешка борба за опстанок, а за таа цел беше промовирано седмото засилување во редовите на „рударите“ од Македонска Каменица.

Ново име во Саса е Исмаил Бектеш, 19-годишен фудбалер која настапува на позицијата десен бек. Младиот Бектеш потекнува од Албарса од Скопје, а потоа настапуваше за младинските категории на Македонија ЃП и Работнички, додека сениорски фудбал заигра за екипата на Тетекс, каде запиша девет настапи во дресот на „штофарите“.

Претходно Каменица Саса се засили со 18-годишниот Кристијан Таневски, Филип Димитровски (18), Никола Стоиловски (20), 19-годишниот Марко Соколов, Филип Димоски (24) и Симон Стојковски (24).

Саса презими на последното место на табелата со само 8 бодови на своето конто, а во пролетниот дел ќе води тешка борба за опстанок во Втората македонска фудбалска лига.

Александар Ванев, М-Нет