Утре: Кожуф со Тиквеш, Беса во Аланија против Спартак Кострома, Беласица со Саса

ФОТО: АРХИВА | Телевизија М Нет

Утре ќе бидат одиграни неколку пријателски натпревари од нашите прволигаши и второлигаши во рамки на зимските подготовки.

Кожуф утре ќе го одигра првиот контролен натпревар против прволигаш Тиквеш на Градскиот стадион во Гевгелија со почеток од 13 часот.

Есенскиот шампион во Втората лига екипата на Беса која е на подготовки во Аланија, Турција утре ќе го одигра првиот контролен натпревар на турско тло. За противник екипата предводена од Александар Таневски ќе ја има екипата на Спартак Кострома, а натпреварот по македонски време ќе се одигра во 9 часот.

Утре во Струмица ќе се одигра пријателски натпревар помеѓу Беласица и Саса на „Филип Лазаревски“ со почеток од 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет