
Во новата сезона од Првата одбојкарска женска лига на Македонија учество ќе земаат осум екипи односно Работнички, Младост УГД од Штип, Вардар ЕМ, Наковски Волеј, Струмица, Фит Фан Волеј, Ускана Волеј и Јанта Волеј КВ.
Во рамки на првото коло Вардар ЕМ ќе игра на домашен терен против Ускана Волеј од Кичево, Работнички на домашен терен ќе игра со Струмица, Јанта Волеј КВ на домашен терен ќе игра со Фит Фан Волеј, а пак Наковски Волеј ќе се соочи со Младост УГД од Штип.
Бранител на титулата ќе биде екипата на Работнички, откако екипата третпат по ред ја освои шампионската титула.
Што се однесува до Втората одбојкарска женска лига на Македонија тука учество ќе земат 11 екипи односно Пелистер Волеј, Куманово, Вардар 2019, Форца Волеј Ема, Универзитет Тетово, Македонија Макс, Газели Волеј, Фламинго Волеј, Бами Кор, Јанта Волеј Бут и Виктори Волеј.
Во однос на првото коло екипата на Форца Волеј Ема дома ќе игра со Вардар 2019, Македонија Макс ќе игра со Јанта Волеј Бут, Куманово со Газели Волеј, Фламинго Волеј дома ќе игра со Виктори Волеј, додека пак Универзитет Тетово на соочување со Пелистер Волеј.
Во рамки на првото воведно коло од Втората женска одбојкарска лига слободна ќе биде екипата на Бами Кор.
Новата сезона во Првата и Втората лига започнува следниот викенд односно на 19. октовмри.
Александар Ванев, М-Нет