
Ракометниот клуб Текстилец во новата сезона настапува во Првата лига група Б, а тоа што е новитет во клубот е додавката на името Текстилец УГД Штип односно воспоставување на соработка со Универзитетот.
Штипскиот ракометен клуб е посветен на градењето на младинските погони и на производ на свои играчи од младинските категории.
Интересот за ракометот во Штип има, а РК Текстилец имаше активност пред учениците во ООУ „Тошо Арсов“ за претставување на ракометот како спорт.
Ростерот на играчи е послаб, но клубот сака нивните млади играчи напредуваат и следната сезона да се атакува на место во плеј-офот, но борба за плеј-оф ќе има и оваа сезона.
Првопласираниот тим од Првата лига директно патува во Суперлигата, а втората екипа игра бараж со претпоследната екипа од Суперлигата.
Александар Ванев, М-Нет