
Во иднина Третата македонска фудбалска лига, како и Општинските фудбалски лиги ќе претрпат промени, односно ќе има нов формат, за што претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ зборуваше во новогодишното интервју во делот на промени за кои се размислува во Третите лиги.
Прва и Втора лига ќе останат како што се со тоа што Втората лига во иднина ќе се намали и на 12 екипи.
Прва лига од следната сезона ќе се скрати од 12 на десет екипи, а пак Втора лига од 16 се крати на 14 екипи за следната сезона 2026/2027, додека пак во иднина истата треба да биде скратена на 12 екипи, а промени ќе има и во Трета лига и општинска лига.
Александар Ванев, М-Нет