Казнети 37 возачи на товарни возила поради претовар, некористење церада и технички неисправност

Казнети 37 возачи на товарни моторни возила само вчера, поради претовар, некористење на церада и техничка неисправност. Полицијата дополнително поднесе 13 барања за поведување прекршочна постапка против правни и одговорни лица.

„При контролата изречени се вкупно 37 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив, 12 мерки се однесуваат на возачи на товарни моторни возила поради претовар на товар, вонреден превоз и некористење на церада, една мерка за задолжителна опрема во возило, една мерка за технички неисправно возило и 10 мерки за останати сообраќајни прекршоци. Дополнително, поднесени се 13 барања за поведување прекршочна постапка против правни и одговорни лица. За сите сторители изготвени се соодветни поднесоци.“, велат од МВР

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Од министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот, доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување, велат може заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.

Иван Митев, М-Нет