
Лебот и белите пецива би можеле да поскапат до 10 проценти. Штипските пекари велат дека засега цените остануваат непроменети, бидејќи имаат брашно за околу две недели.Тие се надеваат дека ситуацијата со цената на нафтата ќе се стабилизира, со цел да не се оптовари дополнително буџетот на граѓаните. Откако ќе се потрошат залихите, велат дека ќе направат пресметки дали ќе има покачување, но според нив не се очекува драстичен раст на цената на лебот и белите пецива.
,,Моментално, сега за сега, нема да има покачување, бидејќи ние имаме залиха. Кога ќе ја потрошиме залихата, треба да искалкулираме и да видиме како и колку ќе се покачи. Моментално се надевам дека ситуацијата ќе се смири, еве според последните вести се очекува и пад на берзата на нафтата за цената зборувам. Ќе видиме, сега за сега иамме за околу две недели залиха, потоа ќе одлучуваме, како ќе биде и што ќе биде, колку ќе се покачи. Се надевам дека ќе се смири ситуацијата и дека нема да дојде до некое драстично покачување на цената на лебот, а со тоа и белите пецива.“ рече Малинов
Николчо Малинов вели, ако има второ покачување на нафтата, тогаш би можело цената на лебот и белите пецива да имаат покачување. Сепак останува оптимист, дека ситуацијата ќе се стабилизира.
,,Па со оглед на нашата економска ситуација на возењата, не би требало да има некое си драсточно покачување, бидејќи сите производи до сега се покачија, но ние лебот не го покачивме, се со цел да влијаеме на буџетот на граѓаните, ќе видиме. Можно е да има поскапување за околу 5 до 10 проценти, меѓутоа како што реков ќе видиме колку ќе биде покачувањето на нафтата, бидејќи ова е прво покачување. Во прашање е дали ќе има второ покачување и за колку.“, додава Малинов
Инаку, лебот во Штип се продава по цена од околу 30 денари, во зависност од грамажата и квалитетот. Поскап е интегралниот или лебот со јаткасти плодови.
Иван Митев, М-Нет