Казна затвор за подметнувачите на пожар – категорични штипјани за да се стави крај на овој злочин

Најстроги казни за подметнувачите на пожар , бараат граѓаните на Штип. Револтирани по последните пожари над градот, велат дека поради нечија неодговорност во опасност можат да се најдат многу семејства, домови и природни богатства. Според нив, паричните казни не се доволни и не ги отргаат сторителите од вакви дела. Дали причината е финансиска корист или нешто друго, се прашуваат и самите, но порачуваат дека институциите мора да бидат поригорозни.

Доколку строгите казни станат примена, очекувањата според грагите би виле поголема свет помеѓу сите.

Инаку, подметнувач на пожар денеска е фатен во штипското село Долни Балван, како пали сува трева помеѓу пат и нива на магистралниот пат Штип Кочани.

Иван Митев, М-Нет