
Евтин за пазарџиите беше денешниот петок на штипскиот пазар. Среде јуни, граѓаните велат дека со истите пари, како претходниот петок, купиле повеќе овошје и зеленчук од вообичаеното. Богатата понуда и пониските цени ги наполнија пазарот со купувачи уште од раните утрински часови. Најбарани беа сезонските производи, кои денеска се продаваа по попристапни цени. И купувачите и продавачите се надеваат дека ваквите цени ке останат и во наредниот период.
Но, додека купувачите се задоволни од пониските цени, продавачите велат дека штипјани од петок на петок бараат се поевтино. Според нив, не е во ред постојано да се бара намалување на цените, без притоа да се цени трудот и вложувањето што стојат зад секој произво
Инаку, денеска се нудеше и цреши, како и многу кајсии, праски, тазе набран катерион, јајца, штотоку изведени пилиња, за оние кои сакаат домашни јајца, како и изобилие на зачини и зелена салата.
Иван Митев, М-Нет