Каде исчезнаа новогодишните честитки – граѓаните категорични технологијата го направи своето

Исчезнаа старите честитки за Нова Година, кои се праќаа по пошта, се оставаа во ранецот на другарчето или под клупа. Нема повеќе спомени, новогодишна еуфорија и возбуда. Дали новото време или новите навики се причини, се запрашуваат анкетираните и во Штип. Со носталгија кон тоа време, велат тоа време нема да се врати.

Најмалите не знаат, поголемите само виделе, а повозрасните топло се сеќаваат на спомените, кога подарувале честитки. Сега како што велат, техонолигиите го прават своето.

Инаку, порано честитката била најглавниот дел пред Нова Година. Но, не само најмалите, тогаш и повозрасните си пишувале пораки на нив. Си ја честитале годината, си посакувале топли и искрени од срце желби, ги праќале по пошта, си ги делеле со скромни други подароци, а денес..Денес само они што се уште ги чуват им навираат солзи и топли сеќавања

Иван Митев, М-Нет