Брза помош: Умерено консумирање на алкохол и без возење за дочекот на новата година и празниците

Умеренo консумирање алкохол и да се избегне управување со возило под дејство за дочекот на новата година и празниците, апелираат од итната медицинска помош Штип. Како што посочи д-р Томица Наков, иако е нормално сите да се опуштат, сепак границaта помеѓу нормалното и ненормалното е многу тенка и зависи од секоја личност. Апелираше сите да бидат свесни и да не се претерува со алкохол и премногу масна храна.

,,За помладата генерација, бидејќи се делумно здрави значи умерена количина на алкохол за време на предстојните празници. Сега знаеме дека доаѓаат и имендени, што значи дека ќе се злоупотребува таа ситуација. Да се употребува во разумни количини акохол. Знаеме е дека сите сакааат да се опуштат, сосема е нормално и човечки да се конзумира, но границите помеѓу наромално и ненормално е многу тенка и многу зависи од самата личност. Избегнување управување со моторно возило во алкохолизирана состојба. Може да има појава на снег, голомразица, ништо не можеме да знаеме, така да со таа појава трезен станува предизвик да возеш нормално, а камо ли да сте под дејство на некоја психоактивна супстанца.“, рече Наков

Посебен апел, Наков упати и до повозрасните и хронично болните лица, да конзумираат помалку масна храна или солена со цел да не дојде до несакани последици

Помала конзумација на масна храна, солена особено кај постарата генерација, особено и кај хронично болните лица. Редновно примање на нивната терапија.“, додаде Наков

Инаку, од Итнанта медицинска помош апелираат и до оние што постат за празникот Божик да внимаваат во исхраната, со цел да не дојде и кај нив до несакани последици, како низок притисок, вртоглавици, главоболки и сл.

Иван Митев, М-Нет