ИЈЗ: Да се избегнуваат кофеин, алкохол и обилна храна пред спиење, туширање со млака вода и постелнина од природни материјали за подобар сон

Туширање со млака вода пред спиење, постелнина од природни материјали и избегнување обилни оброци пред спиење се само дел од препораките од Институтот за јавно здравје за полесно заспивање и поквалитетен сон во текот на ноќта. Надлежните советуваат преголемата топлина може да го отежне заспивањето, но и природниот континуитет на сонот, па затоа се препорачува собата да се проветрува во вечерните, ноќните и раните утрински часови, кога надворешната воздух е посвеж од воздухот во просторијата. Да се избегнува пиење на алкохол и да се ограничува внесот на кофеин, во перидо до 6 часа пред спиење. Просторијата за спиење да биде затемнета и колку што може да се намали бучавата и употреба на електронски уреди пред спиење.

Пријатно разладената соба, соодветната хидратација и редовниот ритам на спиење можат да помогнат за поквалитетен сон и подобро закрепнување на организмот во периоди на високи температури, додека недоволниот и неквалитетен сон може да придонесе за замор, намалена концентрација и потешко функционирање во текот на следниот ден.

Ева Тушевска, М-Нет