
На 09.11.2020. во 16.25 часот во СВР Штип, вработен во Клиничката болница Штип, пријавил дека Х.Х. насилно сакал да влезе во Инфективното одделение и се однесувал агресивно кон медицинскиот персонал, а во 20.00 часот и лекарката која извршувала работни задачи на одделението пријавила дека околу 16.15 часот, Х.Х. агресивно се однесувал кон неа. Се работи на комплетирање на случајот, по што против Х.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.