Интернетот главна причина за појава на булинг, емпатија кај децата речиси и да нема – како да се намали меѓуврсничкото насилство

Појавата на меѓуврсничко насилство се почеста кај учениците. Интернетот една од главните причини поради кои доаѓа до булинг во училиштата, но и надвор од нив. Токму затоа денеска во просториите на Општина Штип се одржа трибина на тема меѓуврсничко насилство негово препознавање и превенција. Родителите, но и наставниците ја имаат клучната улога кога станува збор за булинг кај деца, со цел негово намалување,.

„Многу малку се посветува внимание на воспитниот процес, а тоа е круцијалниот. Зашто децата денеска снимаат, кога се случува насилство, а не помагаат. Затоа што емпатијата е изгубена. Затоа што развиваме егоисти, индивидуалци, тоа се наметнува и во самато општество. Треба да се врати доброто родителство, бидејќи не ни е оправдание трката по работа.“ – Стојаноска Иванова.

Булингот е неизоставен дел и со менталното здравје. Тој не застнува само во училиштето или надвор од него, туку тогаш почнува, а продолжува дома.

„Детето кога ќе дојде дома сваќа колку може да развие анкциозност, депресија, осаменост, тага, да западне во ситуација каде ќе се чуваствува несреќно, тажно и осамено. И не само детето кое е жртва на насилство, дури и оние кои се неми сведоци, не знаат како да постапат во дадената ситуација, се оние кои се плашат некогаш да пријават затоа што насилникот е многу помоќен од нив. Но, јас би рекла дека и насилникот е оној кој има проблеми со менталното здрваје“ – вели Георгиевска.

Случаи на булинг се забележуваат и во осонвните училишта во Штип. Во ООУ „Ванчо Прке“ Штип бројката е различна секоја година, но тенденција е истата да се намалува. Затоа се преземаат соодветни мерки и активности, работилници со цел да се подигне свеста кај децата и да не се случува меѓуврсничкото насилство.

„Зависи од степенот и видот на насилството се преземаат соодветни мерки. Дел од мерките се повикување на жртвата и на насилниците. Се прават работилници во континуитет. Во училиштето постои тим за превенција од насилство“ – вели Радев.

Само со партнерско и мулитисекторско работење може да се прекине насилството. Токму затоа се работи на национална стратегија, која ќе подразбира од истражување до препознавање и превенција да не се случува меѓуврсничко насилство.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет