
Поголем број советници во Советот на Општшина Штип се очекувањата на Левица од овие Локални избори. Како што посочи носителот на советничката група, Ангеле Михајловски, приоритети ќе бидат обновување на детските градинки, модернизација на училниците во основните училишта, изградба на дом за стари лица, како и центар за рехабилитација.
„Ако пред четири години нашата идеја беше да влеземе макар со еден советник во општинските совети, денес после четири години нашата цел е многу поголем, очекуваме многу повеќе советници од Левица во советот на Општина Штип“ – вели Михајловски.
Левица очекуваат над 30 советника во третата изборна единца на престојните локални избори, бидејќи како што велат нудат уникатна програма и промена која граѓаните ја бараат.
„Пораката на Левица и те како силно резонира секаде и посебно овде во Штип, затоа што Левица нуди нешто што другите партии едноставно не можат да го понудат. На овие избори македонскиот народ бара еден вид на системска промена на тој систем кој 34 години го создаваат и владеат ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. И само Левица е уникатно позиционирана да го сруши тој систем“ – вели Крмов.
Дополнително очекуваат два до три кандидати за градоначалници во третата изборна единца да поминат во втор круг од изборите.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет