
Пензионерите и социјално загрозените лица приоритет за партијата на пензионери во Општина Карбинци. Носителот на советничката листа истакна дека целта е развој на општината и создавање подобри услови за живеење. Додава дека овде приоритет е и водоснабдувањето во подплачковичките села.
„Партијата на пензионери учествува на изборите со една единствена цел, а тоа е со своето искуство и знаење да даде свој придонес за развој на општината и создавање на подобри услови за живеење во самата општина. Приоритетите се пензионерите како категорија и сите социјално загрозени лица во општината. Овде е и водоснабдувањето во подплачковичките села, здравствената состојба, во делот на земјоделието и слично.“ – вели Стоилковски.
Во предизбоната кампања проекти има и за Козјачка река, брана Баргала и слично. Во оваа прилика тој ги повика граѓаните на 19 октомври да излезат и да го остварат своето право на глас.
„Каскадно уредување на Козјачка река, покренување иницијатива и и барање за изградба на браната Баргала, отворање на пензионерски клуб во село Карбинци. На крајот сакам да ги повикам сите да гласаат за бројот 13“ – додава Стоилковски.
Партијата на пензионери во Општина Карбинци се бори на Локлани избори да добие советник во советот на општината.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет