Интересни и задоволителни првите впечатоци на штипјани околу манифестацијата „Пастрмајлијада 2024“

Погодна локацијата за овогодинешната пастрмалијада велат штипјани, бидејќи самата манифестација припаѓа во ценатрот на градот. На самото отварање на овогодинешното издание на манифестацијата „Пастрамалијада 2024“, се преполни новото шеталиште со толпа луѓе кои со нетрпение ја очекуваа дневната програма која следува на малата сцена на познатат едносмерна, но и вкусување на штипскиот бренд. Анкетираните граѓани за М-Нет телевизија задоволни од своите први впечатоци од самата организација, но и задоволни од промената на локацијата.

„Да, добра е локацијата убаво, само за друга година да има ние постарите малку да седнеме, те сега седнаме тука на масите. Инаку добра организација, сега внуци наши и роднини дојдеме да ги видеме, да ги погледаме и така посакуваме се да помине во најдобар ред.

Па да задовола сум треба почесто да има вакви манифестации и да се гледат луѓето, ние сме веќе пензионери, така разделечени кој каде и тука на оваа улица можеби ќе се сретнеме со некој. Па нормално центар на градот е. Па би требало да има. Па секако дека ќе ги пробаме, нашиот бренд.

Треба, убаво е за децата е убаво и за нас е убаво, ние како баби радуваме се на децата. Супер е, многу е убаво, мислам дека ќе има и повеќе ќе има отколу минатите година.

Секако дека е убаво, тука и припаѓа во центарот на градот да биде пастрамалијадата. Па доволно е доволно има сега за денската претсава после ќе биде уште по убаво, имаме пеачи наши, наши групи ќе пеат, а вечер се знае гостите од страна.“ – изјавиа анкетираните граѓани

Децидни дека вакви настани треба многу повеќе да се организираат со цел луѓето да се дружат и слободното време да го минуваат со пријателите. Дневната програма како за прва година е позитивен гест кој треба да прерасне во традиција во годините кои следуваат бидејќи се дава живот на градот уште во дневните часови. Дел од анкетираните пак велат дека треба да помине самата манифестација, за да добијат заклучок.

„Па ќе видеме нека помине, па ќе видеме како ќе помини. Интересно е сега за сега, па ќе видиме, ама ќе има многу народ. Да супер, одлично е нема проблем, се е како што треба, браво за градоначалникот.“ – додаваат граѓаните

Инаку годинава манифестацијара се организира по 16 пат и се очекуваат многу гости од земјава и странство. Цената на штипската пастрамајлија изнесува 200 денари, а главна ѕвезвда на манифестацијата е Петар Грашо кој утревечер ќе се претстави на главната бина кај позната зграда Кубус.

Лаура Стојанова, М-Нет