Имотот на ЈП Стипион и финасиските средства ги скараа власта и опозицијата во Штип

Локалните шерифи на чело со градоначалникот Иван Јорданов се решени да го уништат ЈП Стипион, констатираа денеска на прес-конференција од ОО на СДСМ Штип. Велат дека осум месеца по продажбата на имотот на ЈП Стипион, сѐ уште е непознато каде ќе бидат преместени магацините на ова претпријатие и каде ќе завршат парите.

„ЈП Стипион годинава партиципира само со 30% од учество во реализација на програмата за уредување на градежно земјиште на општината, а овие средства се средства кои се главен приход на ова јавно претпријатие. Ситуацијата дополнително се комплицира бидејќи од 1 февруари на дел од вработените им се прекинати договороите за вработување. Затоа јавно прашуваме:
– Кој и зошто се обидува да го уништи ЈП Стипион?
– Каде заврпшија парите од продажбата на имотот на ЈП?
– Дали е вистина дека дел од вработените по секоја цена ќе бидат префрлени во ЈП Исар?
Останува нејасно како од ЈП за кое претходниот директор за еднократна потреба се фалеше дека остварило рекордна добивка од околу седум милиони денари, се доведе во состојба да не располага со сопствен имот и да биде неизвесна судбината на вработените“ – велат од ОО на СДСМ Штип.

Поврторно лажни вести и обид за манипулација од страна на СДС, вратија на прес-конференцијата од страна на ЈП Стипион. Велат дека неточни и невистинити се обидите за замајување на јавноста со прес-конференции на кои се пласираат лажни вести и информации.

„Советникот Стојчевски кој веројатно за време додека треба да биде на работното место извршува партиски работи треба како советник да знае дека ЈП Стипион е сериозно претпријатие со амбициозна програма, а од пред неколку недели и со нова дејност за јавен градски превоз. ЈП Стипион и во иднина ќе продолжи да биде сервис на граѓаните и максимално посветено да ги извршува своите обврски и програмски цели по програмите за уредување на градежно земјиште,одржување на локални патишта, паркинг и најновата програма за локален градски превоз. Обидите за дискредитација на јавното претпријатие од страна на СДС нема да не поколебаат во намерата ЈП Стипион редовно и квалитетно да ги извршува своите обврски и да обезбеди линиски градски превоз за граѓаните на Општина Штип.“ – стоеше во писменото соопштение од страна на ЈП Стипион.

Ребека Спасова М-Нет