Имотот на семејството Бочварски ги крена на низа власта и опозицијата во Штип

Новоформираната фирма на таткото на Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски ги крена на нозе од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Велат дека Бочврски дал изјава дека не носи одлуки за инвестициите на фирмите кои се во сопственост на неговото семејство, но тоа според ВМРО ДПМНЕ е исто како во случајот кога Заев не одлучувал кога во бизнисот влегле неговиот брат и син, или кога Ковачавески не одлучувал кога во неговата работа се вклучила неговата сопруга. Посочуваат низа прашања до министерот Бочварски.

„Неминовно се поставуваа прашања, за кои граѓаните очекуваат одговори: Дали како градоначалник, Бочварски носеше одлуки за ветените проекти за Општина Штип, дали е негова одлуката да не се реалзлира ниту еден проект од изборната програма, фамозната жичара на Исарот, затворениот базен, Аквапаркот, сала за боречки спортови и слично?
Кој ги носеше одлуките кога Де Лукс ДОО Штип, која е дел од повеќето семејни фирми на Бочварски склучи договор со Општина штип во износ од 1.130.000 денари, само еден ден откако Бочварски стана Министер и избега од градоначалничка функција?
Дали основањето на Техно Енерџи ДООЕЛ Штип, е дел од предизбораната програма на СДСМ „Живот за сите“ или дел од проектот „Живот за фамилиите на СДСМ“ и “Соларните картели на фамилиите“?
Прашуваме дали воопшто некој во Македонија управува со судирот на интереси и трговијата со влијание?““ – прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип упатија прашање и до Државната комисија за спречување на корупција, дали има случај на вистински, видлив судир на интереси кој не го става јавниот интерес на прво мести пред приватниот интерес на преставниците на извршната власт.

На ова одговор пристигна од ОО на СДСМ Штип. Велат дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со старите и излитени фрази во недостаток на резултати во своето работење. Додаваат дека една ипол година ја предводат општината без никакви резултати, освен сликање по проекти реализирани од централната власт.

„Во време кога штипјани преку два дена остануваат без вода за пиење и исчистен смет, тие сеуште живеат во филмот дека се опозиција барајќи начин како да обвинат некој друг и да го тргнат вниманието на граѓаните од безидејноста и неспособноста во која се заглавени.
Времето одминува, проекти нема, единствено за што го гледаме градоначалникот од ДПМНЕ е барање кредити кои ќе ги враќаат штипјани. Нека не се обидува Иван Јорданов да ги задолжува граѓаните за да прикаже реализација на некаков проект, затоа што ќе му бидат потребни повеќе од 30 години за да го достигне резултатот кој за само 4 години го направи СДСМ како локална и централна власт.
Должни сте да излезете и да им објасните на граѓаните зошто ја покачивте цената на водата и комуналните услуги?  Зошто го раскрчмувате имотот на ЈП Стипион?“ – велат од СДСМ.

Додаваат дека од нивна страна се реализирани низа капитални прокети за градот,
додека пак Централната власт ги изгради сите патишта околу Штип вклучувајќи ја и обиколницата на градот и транзитот низ Штип од Кампус 4 до црквата Свети Никола.

Лаура Стојанова М-Нет