
Познати судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 26. коло на Првата македонска фудбалска лига. Колото ќе биде отворено утре со мечот меѓу Струга Трим Лум и Пелистер, кој се игра со почеток од 15 часот, а главен судија ќе биде Александар Грујоски.
Останатите пет натпревари ќе се одиграат во недела, исто така со почеток од 15 часот.
Игор Стојчевски ќе им суди на Шкупи и Работнички, Влатко Илиоски ќе биде задолжен да ја дели правдата на натпреварот меѓу Беса и Гостивар, додека пак Доне Ристовски ќе биде главен судија на натпреварот во Охрид меѓу Воска Спорт и Силекс.
Јован Качевски патува во Кавадарци каде ќе им суди на Тиквеш и Шкендија, додека пак Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брера Струмица и Вардар.
Александар Ванев, М-Нет