
Делегирани судиите кои ќе ги судат двата заостанати натпревари од 6. коло од Втората македонска фудбалска лига.
На „Билјанини Извори“ свое соочување ќе имаат Охрид и Детонит Плачковица од Радовиш, а овој меч гледачите на телевизија М Нет ќе може да го проследат во живо.
Правдата меѓу охриѓани и радовишани ќе ја дели Фуркан Идризи од Тетово, а ќе му помагаат Осман Зеќири од Кичево и Марио Мојсоски од Струга, додека пак за четврт судија е делегиран Бардхиљ Ибраими од Тетово.
На Градскиот стадион во Гевгелија силите ќе ги одмерат Кожуф и Караорман, во рамки на заостанатиот меч од 6. коло. Главен судија во Гевгелија ќе биде Јосип Бартон од Скопје, а негови помошници ќе бидат Дарко Јовчевски и Идриз Идризи од Тетово. Четврт судија на мечот ќе биде Пларент Салихи, исто така од Тетово.
Со одигрување на овие два натпревари, кои ќе започнат во 14:00 часот ќе биде комплетирано 6. коло од Втората македонска фудбалска лига.