
По објавата за настанатиот проблем со водата во станбените згради во населба 8 ми Ноември во Штип, фирмата Идеал Логистик испрати соопштение во кое тврди дека станарите вода немаат два дена, а не како што тврдат тие 11 дена. Во соопштението велат дека тие се одговорни за Енгелсова број 13, а не за Енгелсова број 15.
ТЕЛОП
Дефектот првично настанал во станбената зграда на ул. Енгелсова бр. 15, која не е под управување на Идеал Логистик- ДОО. Според информациите со кои располагаме, дефектот се случил во четврток, 16.07.2026 година, а бил саниран во петок, 17.07.2026 година. По пуштањето на водата, дошло до пукање на подземна водоводна цевка во една од соседните згради што е под наше управување, односно на ул. Енгелсова бр. 13 . Пријавата за дефектот во зградата под наше управување беше примена во петок 17.07.2026 вечер а со ангажман на надлежните лица дефектот беше целосно саниран во сабота, 18.07.2026 година, до 14:00 часот. Со цел да се спречат вакви ситуации во иднина, на 20.07.2026 година, Идеал Логистик ДОО достави официјално барање до ЈП „Исар“ за разгледување на можноста секоја од трите згради да добие посебен главен вентил за вода, со што секој објект би функционирал независно и би се избегнале прекини и дополнителни дефекти кај соседните згради. Воедно, сакаме да укажеме дека Станарката во својата изјава ја посочува Идеал Логистик ДОО како управител на зградата каде што првично настанал дефектот, што не е точно. Таа зграда е под управување на друга компанија а не на Идеал Логистик ДОО.
Велат од компанијата за одржување на згради.
Дајана Сандева, М-Нет