
Македонските фудбалски репрезентативци во селекциите на У-19 и на У-21 од денес па до 23 декември ќе бидат на подготовки во спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид. Селекторите на У-10 Шкумбин Арслани и на У-21 Благоја Милевски повикаа по 24 играчи кои во Охрид ќе одиграат и две контролни средби. Првиот контролен меч ќе го одиграат на 21 Декамври а вториот контролен натпревар ќе го одиграат на 23 декември. Меѓу повиканите се и четворица штипски играчи и тоа по два во обете селекции. Во репрезентацијата У-19 тоа се голманот Кире Новаков кој моментално брани во Триглав – Крањ (Словенија) и Иван Николов кој настапува за Академија Пандев. Во составот на репрезентацијата У-21 се повикани голманот Давид Денковски и одбранбениот играч Јован Манев, и двајцата играчи на Брегалница од Штип.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk