И дечињата од ДГ,,Астиво“ вчера продаваа рачни изработки на новогодишниот базар во Штип

И дечињата од ДГ Астиво вчера продаваа рачни изработки на новогодишниот базар во Штип. Со голема радост тие ги истакнаа своите изработки, кои во изминатиот период заедно со своите родители и лични воспитувачи ги подготвуваа по тој повод. Како дел од истите на штандовите можеше да се виде новогодишни елки, лампиони, украсени кукички и друго, а собраните средства ќе се служат за различни потреби. Од истите 10 проценти ќе бидат искористени за хуманитарни цели, а остатокот ќе биде распределен за потребите во секоја група од различните возрасти. Од особена важност како што велат од оваа градинка е тоа што и овие дечињаа имаа можност да ја истакнат својата креативноста и својот труд. Велат ова претставува поттик за да се работи постојано и во следните години. Инаку, базарот ќе биде отворен до крајот на месецот, а на истиот е подготвена одлична програма за сечии вкус.

Лаура Стојанова, М-Нет