И годинава продолжи традиционалната „Ѕвегорска сурова“ со што се негува вековниот обичај во делчевско

И оваа година продолжи традиционалната „Ѕвегорска сурова“ во делчевско Ѕвегор. Векововниот обичај на сурваскари, преправени со разни маски посетувајќи ги домовите и пеејќи продолжи и годинава со цел да се истера злото. Невестата како главна маска останува покриена до крајот на обредот, а со неа заедно одат и останатите младоженецот, попот, мечката и белците кои ја чуваат невестата. Според кумовите на обичајот, манифестацијата привлекува голем број посетители од целиот регион и пошироко, кои имаат можност да ја доживеат автентичната народна традиција одблизу. Утринската поворка со учесниците започнува пред изгрејсонце, кога тргнува група од околу 60 лица облечени во рачно изработени маски и костими низ селото, придружувана од звуците на тапаните и на зурлите. Го посетуваат секое домаќинство, изведувајќи ритуали со кои се благословува секое семејство за успешна и родна година.

На крајот, обредот завршува со вода од селската чешма и со масовна свечена вечера, веселба, која трае до раните утрински часови. Кумот и старешината, кои се менуваат секоја година, ја организираат целата манифестација и сите учесници се вклучени во подготовките.

Ѕвегорска сурова е настан кој се префла од колено на колено, со што се зачувува вековната традиција во делчевско, а е една од најстарите манифестации во државата.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет