
Услугите се користат ама за истите не се плаќа, ЈП Исар мака мачи со дел од корисниците со кои нема договори за користење на нивните услуги. Пример во ромската популација се собира смет, а за тоа не се плаќа, проблем се и загубите со вода заради дивоградбите и дивите приклучоци на водоводната мрежа, вели директорот Кирил Зајков. Посочува дека проблемот во моментот се решава со разговор.
„Голем дел од корисниците кои реално користат услуги на ЈП „Исар“ како што е собирање на сметот во Ромскота популација немаат договори за користење на услугите на ЈП „Исар“. И затоа ние рековме во ред, првата мерка е да одиме со индикација,со разговор за да ја подигнеме свеста. “ – вели Зајков.
Ама ако разговорот не даде резултат екипи на ЈП Исар ќе го прекинуваат водоснабдувањето кај корисниците со кои немаат договор. Непопуларна мерка е вели Зајков ама дециден е дека мора да се стави крај на ваквиот проблем во Штип.
„Доколку ова не даде резултат ние ќе бидеме приморани за прекинување на водоснабдувањето во оние делови од градот каде нема да имаме уредени односи односно договори за водоснабдување. Тоа можеби е непопуларна мерка ама повторувам проблемот се решава ако го актуелизираме.“ – вели Зајков.
Решавањето на проблемите со водоснабдувањето и честите дефекти како и загубите на вода се приоритет кој треба да се решава наредната година.
Лаура Стојанова М-Нет