Националната установа Завод и Музеј Штип. Во 1979 година се здобива со статус на Завод на заштита на спомениците на културата и народен музеј. Кон крајот на годината, се одбележа 70 години од постоењето на Националната установа Завод и Музеј Штип. И покрај глобалната пандемија, според протоколот за заштита од Ковид-19 се успеа да се одбележи јубилејот. Се споени заштитните истражувања од Боров Дол, и една етнолошка изложба. Сепак, тоа претставува голема гордост за градот Штип. Како се задоволни досега? Изјавува директорот на Националната установа Завод и Музеј Штип Митко Штерјов.
„Инаку можам да кажам дека во овие последни години, Национална установа Завод и Музеј Штип. Има богата и полна работа каде што се реализираа повеќе проекти“. Изјавува, Митко Штерјов директор на Национална установа Завод и Музеј Штип.
Во Националната установа Завод и Музеј Штип, можат да се проследат историските настани поврзани со Штип и штипско. Археолошки експонанти кои сведочат од праисторијата до денес. Може да се проследи и етнолошки материјал. Но, колку вкупно експонанти постојат?
„Околу 6000/7000 предмети кои ги поседува како предмети кои што се наоѓаат во депото и во историските изложби. Повеќе од 1000 предмети се преставени во овие историски и архелошки изложби“. Изјавува Штерјов.
На прашањето со колку вкупно архелолошки локалитети можеме да се пофалиме? И за време на глобална пандемија кои се условите на работење? Дали за време на Ковид-19 работите се стабилизираа или сепак тргнаа во колосек?
„Успеваме да се носиме со цела ситуација, проектите се реализираат тековните работи се реализираат. Меѓутоа, посители немаме, туристичките организации тие се главни посители, но ги немаме. Но, тековните работи сепак се одвиваат во нормален тек’. Изјавува, Штерјов
Министерството за Култура сеуште не ги приложи одобрените проекти. Но, се надеваме дека ќе се реализираат сите проекти кои ги приложивме. Мораме да се навикнеме на оваа ситуација, и да се насочиме на работи кои се приоритет на Установата, вели Штерјов.
Надица Стојковска/ М Нет
Дарко Лазев/ М Нет