
Зошто расте интересот кај младите своето образование да го продолжат на универзитет надвор од државата. Според последните истражувања, над 20% од средношколците од четри региони во државата планираат да продолжат да студираат на универзитетите во странство. Според професорот Страшко Стојановски има повеќе причини кои водат до вакви одлуки кај младите, меѓу кои и надоградбата на студентите.
„Првата опција за избор е некаква себереализација, да се надоградат себеси, да имаат подобра перспектива во иднина, но оваа мотивација воглавно исто така се поврзува со нешто што е поврзано со квалитетот на наставните програми и воопшто рејтингот на универзитетот. На пример кај домашните универзитети можевме да забележиме дека рејтингот на универизтетот е фактор којшто би рекол опаѓа за оние кои имаат избор Универзитет „Кирил и Методиј“ – Скопје, а е фактор кој се зголемува за оние кои го имаат за избор УГД. Многу е поголем овој фактор кога се бираат некои од универзитетите надвор од државата.“ – вели Стојановски.
И покрај тоа што младите не го детектираат елементот на социјализација, односно каква забава и живот нуди градот во кој се наоѓа универизтетот, но според истражувањата и тоа им е подеднакво важно кога бираат каде да го продолжат своето образование.
„Има друг фактор кој упатува дека тоа сепак им е важно, а тоа е дека информациите ги добиваат најчесто тоа е втор по влијание фактор информациите ги добиваат од нивни блиски кои веќе студираат на тој универзитет.“ – додава Стојановски.
Најатрактивни според истражувањата се факултетите за информатика, на второ место е медицинскиот факултет, а потоа следуваат економските и правните факултети. На приватните уиверзитети пак најголем интерес има за економските и правни факултети, а за странските факултети повторно најголем интерес има за информатика.
Лаура Стојанова М-Нет